Internship Program America Сподели

ШТО ПРЕТСТАВУВА ПРОГРАМАТА?

Internship/ Professional Career Training USA е програма за студентска пракса/стаж, регулирана од Државниот департмент на САД и е создадена за да овозможи на студентите и младите професионалци од цел свет да се здобијат со професионално искуство, работејки како стажанти во американска компанија како и да се запознаат со американската култура и начин на живот.

Учесниците треба да имат осигурена позиција пред нивното пристигање во САД. Internship/ Trainee USA не е работна програма.  Задолжотелно е позицијата, која ќе им биде назначена, да е директно поврзана со струката која што ја изучуваат во универзитетот или да е во област во која учесниците имат професионално искуство и да овозможува стекнување на способности на минимум средно професионално ниво, како и зголемување на комплексноста на одговорностите во различните етапи од праксата.

Практикантите не можат да заземат позиции, кои вклучуваат работа како нискоквалификуван труд, грижа на деца или медицинска грижа за пациенти.

Максималниот период на програмата е 12 месеци за Internship и 18 месеци за Trainee опцијата. Програмата е целогодишна и нема фиксирани почетни и крајни датуми –  почетокот и времетраењето на праксата се определуваат од страна на учесникот и од американската компанија.

Области, во кои може да се стажира:

  • туризам
  • уметност и култура
  • менаџмент, бизнис, трговија, финансии
  • јавна администрација и право
  • градежништво и инженерство
  • социјални науки
  • новинарство, комуникации и информациски технологии
  • наука, инженерство, архитектура, математика и индустрија
  • земјоделие, шумарство и риболов

 

Кој може да учествува?

 

INTERNSHIP USA 
За да учествуваш во програмата Internship USA е потребно:
 

- Да си редовен студент или да имаш завршено додипломски или постдипломски студии но да нема поминато повеќе од 12 месеци.

- Стажот да е поврзан со струката што ја изучуваш во универзитетот.

- Да си на возраст помеѓу 18-28 години.

- Да имаш напредно ниво на англиски јазик.

- Да имаш желба да ѓи посетиш САД и да научиш повеќе за американскиот начин на живот.

  

CAREER TRAINING USA

 За да учествуваш во програмата Professional Career Training е потребно:

 

- Да си на возраст помеѓу 18-40 години.

- Да имаш завршено високо образование и минумум една година професионално искуство или 5 години професионално искуство во сверата која што ја имаш избрано.

- Стажот да е поврзан со струката што ја изучуваш во универзитетот 
- Да имаш желба да ѓи посетиш САД и да научиш повеќе за американскиот начин на живот.
 
Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 73 Понуди | Види ги сите