Откријте ги боите на Американскиот живот Сподели

Оваа Западна земја плени со толку многу различности како што се различна клима, различни култури, групи на разновидни луѓе, што едноставно наликува на една енциклопедија.

Замислете ја цела таа возбуда и задоволство од Големото Јаболко, прекрасната есен во Централ Парк или пак универзитетскиот живот во Бостон. Уште повеќе е грациозноста и пречекот на Стариот Југ, Флорида. Средниот запад, срцето на Америка со прекрасните езера, шуми и високи планини. Американскиот Див Запад протегајќи се од Rocky Mountains до широко отворениот Тексашки ранч. Калифорниа, државата од која ѕвездите светкаат од плажите на Малибу, се слуша звукот на тролеј од познатото Сан Франциско или богати и познати куќи од ридовите на Холивуд.

Познато е дека се што е од Америка е најдобро, па така Levis фармерките и маиците, високата технологија од Силикон Долината, висококатниците, рап музиката и кината, првокласните симфонии, кошарката како и Дизниленд и Мкдоналдс се надалеку прочуени.

Соединетите Американски држави, познато како Средна Америка, се исполнети со фамилии кои живеат во села, градови и предградија раширени низ целата земја. Ќе имате можност да живеете со семејство кое ќе ви го понуди сопствениот дом, и ќе ве научи на американскиот животен стил. Се благодарејќи на размената на студенти од различни националности.

Со програмата за размена на сатуденти во САД, ќе имате можност не само да го унапредите англискиот јазик (доколку не е ваш прв јазик) туку и да се стекнете со огромно разбирање за разновидноста на овие луѓе. Додека ќе бидете во училиште ќе имате можност да го продлабочите своето знаење, и секако ќе почнете да чуствувате и благодарност на оваа земја. Станувајќи дел од училиштето и од семејството, од прва рака ќе научите зошто Американците се познати по тоа дека можат да направат СЕ. Како член на Американското семејство ќе имате прилика да го живеете вашиот живот како Американец. Разговарајќи со вашите „браќа“ и „сестри“ или помагајќи им на твоите „родители“ да ја постават масата за Неделната вечера ќе уживате во секојдневниот живот исполнет со смеа, љубов и учење.

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 73 Понуди | Види ги сите