HIGHSCHOOL EXCHANGE STUDENT Сподели

Оваа програма е дел од програмите на Стејт Департментот на САД за студентска размена која што им овозможува на средношколци да поминат една учебна година во САД, студирајќи на државните и приватните средни училишта ширум Америка.За време на престојот, студентите живеат со американски семејства. Целта на програмата е интернационалните студенти да се запознаат со американската култура и општество. Поточно оваа средношколска програма е предвидена да им овозможи на студентите да бидат директно вклучени во секојдневниот живот во САД, со тоа што учат во САД и живеат кај американско семејство, а со тоа стекнуваат доживотни пријатели и ги развиваат своите лидерски способности.
Една година или семестар во странство не може да се мери .Ќе заминеш само на една година, а ќе стекнеш искуство за цел живот. Да живееш и учиш во странство макар и на една година е нешто што многумина не можат да го имаат. Ќе се вратиш со нови знаења , зрел и со доживотни пријатели. Најтешкиот дел ќе биде да го напушиш твоето семејство домаќин .Бидејќи сте се запознавале и учеле за вашите култури и начин на живот.

Твоето семејство-домаќин не добива никаков надоместок за трошоците. Семејството- домаќин ќе ти обезбеди сместувањи и храна , а она ти што треба да го направиш за возврат е да учествуваш како одговорен член од семејството, да завршиш некоја домашна работа и да учествуваш во фамилијарните активности. Секако ќе ти биде потребен џепарлак исто како што ти треба и дома. Друг трошок освен за програмата ќе ти биде авионскиот билет до САД и назад. Добиваш и осигурување во случај болест или некоја интервенција , всушност осигурувањето опфаќа здравствено, патничко и осигурување од одговорност.


  Студентска размена во САД Кој се квалификува  

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 143 Понуди | Види ги сите