Најпопуларните бонбони за Halloween во САД
Сподели
По Велигден, Ноќта на вештерките е вториот празник на кој се консумираат бонбони и чоколади во САД. Според еден извештај на Форбс на токму за Halloween се трошат 7 милиони долари просечно на чоколади, украси и костими. Направено е истражување за тоа кои чоколади и бонбони се популарни и најпродавани во секоја од државите на САД. Од 40 000 испитаници резултатите од истражувањето покажуваат дека на прво место на омилени и најпродавани чоколади во САД се Reese’s Peanut Butter Cup. После тоа следуваат Kit Kat и Butterfinger. Candy corn е пак најпопуларна бонбона во државите Тексас, Орегон, Јужна Каролина. Така, на децата кои шетаат од врата на врата во Аризона за Ноќта на Вештерките ќе добијат Toblerone, во Флорида пак Nestlé Crunch Bar, во Мисисипи Hershey's Kisses. Погледнете ја и уверете се сами слатката мапа на САД, за тоа на која држава кои бонбони се најпознати.
|