Виза за САД Сподели

Viking Ви помага при подготовката на документи за аплицирање за американска виза тип B1/B2 за патување во САД со цел туризам, посета на роднини и пријатели или бизнис.

 

Колку чини визата за САД?

Цената на визата за САД се плаќа на сметка на Американската амбасада и изнесува 160 USD.
Услугата за подготовка на документи за аплицирање за американска виза на
Viking изнесува 1590денари, во случај да купите авионски билет од агенцијата.
За разлика од други агенции, ние нудиме и посебна услуга за подготовка на документи за аплицирање за виза, а цената е
1790 денари.

 

Што вклучува цената?

1. пополнување на задолжителниот формулар за аплицирање за виза за САД DS-160
2. закажување на час и датум за интервју во Американската амбасада
3. целосна консултација за сите документи потребни за аплицирање, според вашиот профил
4. организирање на повратна испорака на пасошот до канцеларијата на Викинг преку
DHL

 

Поднесувањето на документи за виза за САД?

Документите за туристичка виза за САД се носат во просториите на Викинг, во рамките на работното време за проверка и комплетност, а потоа лично се доставуваат на денот на интервју за виза во Американската амбасада.
Поднесувањето на документи треба да е лично, освен во случаи кога аплицира семејство.

 

Кои документи и информации се потребни за пополнување на формулар DS-160 и закажување на интервју во Америчка амбасада и она што треба да го знаете?

При поднесување на документи за туристичка виза во канцеларија на Викинг, треба да имате на располагање:


1. Копија од уплатницата за платена конзуларна такса за американска виза во Комерцијална Банка - таксата е во износ од $ 160, која се плаќа само во денари и истата не е повратна. Има можност за плаќање и онлајн со
Visa electron картичка.
2. Валиден пасош – оригинален пасош; и валидноста на пасошот мора да го покрива планираниот престој во САД, кога нема минимален рок на важност од датумот на заминување од земјата.

3. Слика за виза-треба да биде со димензии 5 x 5 см, да не е постара од 6 месеци и да не е употребувана претходно. Потребна е и во хартиена форма и електронска копија.
*димензии: 51 mm x 51 mm, минимално прифатливи димензии: 600 pixels (ширина) x 600 pixels (висина). И максимално дозволени 1200 pixels (ширина) x 1200 pixels (висина). Сликата не треба да биде поголема од 240 KB.
* лицето треба да биде во полн анфас и да зафаќа околу 50% од вкупната површина на сликата. Големината на лицето на сликата мора да биде помеѓу 25 и 35 мм.
*сликата треба да биде направена на бела позадина.



4. Потребни информации:

- име, адреса, телефонски број и статус на лицето кое сакате да го посетите во САД или име, адреса и телефонски број на хотелот во кој ќе престојувате
- име и датум на раѓање на родителите и сопруг/а, деца
- име, адреса и приближни датуми на посета на средни и високо образовни институции кои сте ги посетиле (само за мажи)
- име, адреса и телефон на фирмата / организацијата во која работите / студирате во моментов
- име, адреса, телефон на претходните работни места и приближни датуми на започнување и завршување на работата
- датуми на последните 5 посети на САД (доколку имате такви)
- копии на претходните американски визи или датуми на издавање на истите (доколку имате такви).

Кои документи треба да ги понесете со себе во Американската амбасада?


1. Потврда за пополнет на формулар DS-160 (
Confirmation page) со прикачена фотографија на истиот
2. Сите останати документи презентирани и комплетирани од Викинг и подредени по бараниот редослед од Американската амбасада.
3. Потврда за датум и час на интервју обезбедено од Викинг
4. Пасош


Аплицирањето за виза бара лично да се појавите на интервјуто во амбасадата на САД во Македонија.


Интервјуата за виза за САД се одржуваат од Понеделник до Петок во Амбасадата на САД во Скопје. Важно е да знаете кога го планирате своето патување во САД, дека најчесто достапни слободни термини за интервју има за 1 до 4 недели од датумот на закажување на интервјуто.

 

За колку време ќе ми биде готова визата за Америка?

Стандардно време за разгледување на документите и ставање на виза во пасошот е 2 - 3 работни дена, по одобрување на визата за време на интервјуто.


Колку време е валидна визата за САД?

Валидноста на визата се одредува од страна на Американскиот конзул. Формуларот за апликација не подразбира избор на времетраење на визата.

 

Што претставува американската виза?

Визата за САД претставува налепница, кој се става на страница во Вашиот пасош. На неа се наведени датумите на валидност на истата и бројот на влезови во САД. Важно е да знаете дека ова е влезна виза, односно последниот можен ден, во кој можете да влезете во Америка е крајниот датум на визата. Друга карактеристика на американската виза е дека при пристигнувањето во САД, по одговор на неколку прашања поставени од страна на имиграциските власти на аеродромот, ќе биде определен рокот во кој можете да останете во земјата за конкретната посета. Имајте на ум дека одлуката дали ќе добиете виза или ќе бидете одбиени е целосно во надлежност на американскиот конзул. Викинг ви дава максимални информации за потребните документи при аплицирање, со цел зголемување на можноста за добивање на виза.


Зелена карта  

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 143 Понуди | Види ги сите