Западен брег, САД Сподели

Еден од најголемите магнети за туристи е Калифорнија, и не случајно е наречена Златната држава- бидејќи тоа е најбогатиот регион во САД. Тука се и некои од најпосетуваните знаменитости во Северна Америка – Лос Анџелес, Холивуд, Малибу, Оринџ Коунти, Санта Барбара, Сан Диего, Сан Франциско, Yosemite National Park, Giant Sequoia National Park . Цените на авионските билети варираат од 750 до 850 евра кога летот е поврзан со неколку прекачувања.

Важно е да знаеш дека тука животните трошоци се меѓу највисоките во САД. Искуствата покажуваат дека студентите кои што го претпочитаат западното крајбрежје се најчесто повторни учесници на програмата или пак се луѓе што сакаат да поминат едно незаборавно лето , а не за финансиски резултат. Секако дека тука можеш да најдеш неверојатни работодавачи и да живееш на неколку минути од домовите на холивудските ѕвезди. Токму затоа , треба добро да размислиш за плусовите и минусите на оваа дестинација.


  South States Midstates  

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 143 Понуди | Види ги сите