Зошто да ја одберете Maryland државата?!
Сподели
Мериленд може е една од најмалите држави во САД, но е најнаселена и привлекува голем број на туристи како и студенти кои во текот на летото го искусуваат американскиот начин и стил на живот. Уште нарекувана Old Line State, the Free State, и Chesapeake Bay State , Мериленд претставува Калифорнија на Источниот брег. Зошто Мериленд да биде дестинација за вашето WAT лето? Се граничи со Пенсилванија, Делавер, Вирџинија што ви нуди одлична можност да ги посетите Филаделфија -city of brotherly love како што го викаат американците , Вашингтон -домот на се она поврзано со политиката и претседателите на САД, да ја видете Белата куќа , Њујорк – градот кој никогаш не спие, или пак да уживате на плажите во Делавер Bethany Rehoboth Beach за време на вашите слободни денови.
Ocean City, MD
Овој крајбрежен град може да се пофали со крајбрежје долго 16 км и шеталиште покрај плажата долго 10 км богато со продавници, уличните продавачи, ресторани, хотели, арки и луна паркови. Ова парче од Америка е вистинското место за хот дог, маици со слогани,ролеркостери и многу повеќе. Ocean City нуди помалку од сè , од ноќни барови и тетовирање, мини - голф и картинг . За љубителите на природата тука е националниот парк Assateague Island National Park за прошетки и разгледување со пони, додека пак за гурманите има врвни ресторани. |