Студентска размена во САД Сподели

Најверојатно си почуствувал дека имаш потреба да направиш нешто ново.Животот не е само она што го гледаш и правиш дома, на училиште или со пријателите.Има нешто и надвор од границите на твојата татковинаТреба да се предизвикаш самиот себе и да ја искористиш можноста, било на една година или на едно полугодие да си различен од другите.

Што е тоа што го прави различен студентот на студентска размена од другите?

Кога некој го остава познатото зад себе и се нурнува во непознатото тоа означува дека е спремен да го запознае светот. Една година помината во странство ќе ти го промени светот и ќе откриеш дека секој момент, секој разговор ќе го промени начинот на кој го гледаш светот.
Студентите кои се на размена во странство ги развиваат лидерските вештини, самопочитување и го ја разбираат комплексноста на светот околу себе.
Ќе ги видиш сличностите и разликите на луѓето и нивното однесување како и нивните верувања и вредности. Ќе сфатиш како е да припаѓаш на друга земја и култура.
Да бидеш студент на размена не само што ја имаш можноста да ја запознаеш земјата и да го научиш јазикот туку и да создаваш пријателства, да си одговорен и да се грижиш за себе си, почитувајќи ги разликите на другите и нивните различни верувања. Токму затоа светските универзитети, како и корпорациите и професионалците гледаат позитивно на студентите кои имаат поминато учебна година во странство.

Со програмата за студентска размена не си само дел од програмата туку дел од семејството

Најдобар начин да ја запознаеш културата и начинот на живот во друга земја е да живееш како дел од семејството. Секој студент на размена го прави тоа. Семејствата домаќини се внимателно разгледувани и избирани и за нив е привилегија да бидат домаќини на студенти како тебе. Вашата заемна придобивка е тоа што ќе научиш за културата и начинот на живот во САД , а твоето семејство домаќин за твојата култура и начин на живот.

Семејствата домаќини се должни да:

-Обезбедат кревет, соодветно место за чување на облека и лични предмети, пристап до бања и место за учење, ако немаат такво
-Три квалитетни оброци на ден
-Превоз до и од училишните активности.

Основни предности на живеење во семејство се:

-Побрзо и подобро подобрување на англискиот јазик преку комуникација со нив
-Добра можност за живеење во локалната култура преку општата потопување на културната -средина во САД
-Прилагодување за кратко време со помош на семејства
-Практични насоки и помош во заедницата со локален " know-how "
-Безбедна средина со родителска контрола и поддршка
-Добри контакти со пријателите и активности надвор од училиштето.


HIGHSCHOOL EXCHANGE STUDENT  

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 143 Понуди | Види ги сите