Work and Travel USA е програма за културна размена, создадена и управувана од Државниот департмент на САД која им дава можност на учесниците да станат дел од американската култура и начин на живот.
Целта на програмата е: да го подобрите вашиот англиски јазик, да стекнете нови знаења и животно искуство , да посетите светски познати места и градови.
Основните можности, кои ги нуди Work and Travel USA се:
•Работна дозвола за 4 месеци (во период од Мај-Септември);
•Обезбедување на работна понуда кај проверен работодавач, првенствено во областа на туризам и угостителтво: хотели, ресторанти, забавни паркови, маркети и др;
•Можност за наоѓање на дополнителна работа;
•Право на едномесечен туристички престој после четвртиот месец.
Со Work and Travel USA можеш:
•Да се запознаеш одблизу со тоа како работи и живее обичниот американец;
•Да стекнеш многу нови пријатели од разлилни држави и националности;
•Да се увериш, дека може да се справиш сам во најразлични ситуации;
Што е спонзор и зошто тоа е важно за учесниците на Work and Travel?
Спонзорите на Work and Travel се американски фирми и невладини организации, кои имат право да издаваат работни дозволи на учесниците на програмата и се задолжени да им обезбедат поддршка за време на нивниот престој во САД. Повеќето спонзори нудат работни понуди и ја одржуваат врската помеѓу работодавачите и студентите, кои го надгледуваат почитувањето на условите на програмата, определени од Државниот департмент на САД.
Кандидатите треба да знаат дека стипендијата или платите на програмата можат да не се доволни за да ги покријат сите трошоци на програмата, а кандидатите треба да понесат дополнителни сопствени средства за да ги покријат трошоците за живеење.