Зелена карта Сподели

Програмата за диверсификација на имигрантскиот поток во САД, позната исто како лотарија за "зелена карта". е одобрена од Конгресот и е водена од Стејт департментот на САД. Член 203 (c) од имиграциските закони предвидува визна категорија за "избрани имигранти" од држави кои имаат низок процент на имигранти во САД.

Кандидатите, кои се избрани за понатамошно процесирање преку лотаријата, треба да исполнат некои сосема лесно исполнителни, но строги услови. Кандидатите за визи се избираат преку случаен компјутерски избор. Визите се распределуваат меѓу шест географски региони, секоја држава може да добие не повеќе од 7% од доставените за една година визи.

Барања за кандидатите:

1. Кандидатите, кои се родени во земја со право на учество имаат право да се регистрираат.

Немаат право да учествуваат родените во земјите: Бангладеш, Бразил, Канада, Кина, Колумбија, Доминиканската Република, Еквадор, Ел Салвадор, Хаити, Индија, Јамајка, Мексико, Нигерија, Пакистан, Перу, Филипини, Јужна Кореја, Велика Британија (со исклучок на Северна Ирска) и Виетнам.

За родените во земја која нема право на учество, има уште два начина на кои може да се аплицира за барањето. За повеќе информации можеш да прашаш во нашите канцеларии.

2. Секој кандидат треба да ги исполнува барањата за образование / стаж за програмата. Тој треба да има или:

средно образование или еквивалент на средно образование, кој одговара на успешно завршен 12-годишен курс на обука,и се состои од основно и средно образование
или

во последните пет години да имал минимум две години работно искуство во неговата специјалност, за која се потребни две години стручна обука или стажирање. За да се определи кој работен стаж ги исполнува барањата се користи базата на податоци на американското Министерство за труд.
Стејт департментот го објави почетокот на Лотаријата за зелена карта за 2019 година, преку која ќе бидат доделени 55 000 DV визи. Електронските формулари мора да бидат поднесени од 12 часот,напладне источно стандардно време, на 4 октомври до 12 часот напладне, источно стандардно време на 7 ноември.

Viking помага за пополнување на електронскиот формулар и им обезбедува на кандидатите официјален број за потврда на нивната регистрација. Исклучително важно е да го задржат тој број барем до 30 Септември наредната година бидејќи единствено преку него учесниците ќе можат да проверат дали се извлечени во лотаријата. Официјална информација за тоа дали кандидатот е избран да продолжи со учеството во програмата може да добие на веб-страницата на лотаријата по 5 мај наредната година, пораки до оние кои се избрани НЕМА да бидат испратени по електронска или обична пошта. Секој примател на писмо или e-mail, во кој се споменува виза од лотарија или зелена карта може да е сигурен дека пораката е погрешна и лажна.

Законот дозволува само еден електронски формулар за секој учесник за време на периодот за регистрација. Кандидати за кои е испратен повеќе од еден формулар ќе бидат дисквалификувани. Можно е сепак двајца луѓе кои се маж и жена и ги исполнуваат условите да поднесат по еден посебен образец, во кој ќе го вклучат својот брачен партнер.

Кои се барања за дигиталната слика, можеш да прочиташ тука.


Обрни внимание дека во формуларот за апликација треба да се вклучат податоци за сопруг / а и сите живи невенчани деца до 21г., Како и да се приложи нивна слика по истиот стандард.


  Виза за САД Авионски билети  

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 143 Понуди | Види ги сите