Аплицирањето чекор по чекор
Сподели
Чекор 1 Регистрација и аплицирање Регистрацијата е бесплатна. Може да биде online или во наша канцеларија. Потоа може да дојдеш да аплицираш кај нас и да донесеш:
Чекор 2 Наоѓање на работа • Самостојно: бараш работа преку интернет или пријатели. Откако ќе ја најдеш работната позиција која најмногу ти одговара, му испраќаш формулар за договор на твојот работодавач, кој треба да го пополни истиот и врати.Тој договор го доставуваш кај нас во канцеларија. • средби со американски работодавачи-познати уште како Job Fair;
Чекор 3 Доставување на документи за DS-2019 и доплаќање на програмата Штом добиеш работна понуда, доаѓаш кај нас за да ти ги пополниме и доставиме документите за работна дозвола. Тогаш го доплаќаш и остатокот од програмата.
Чекор 4 Резервација на лет Можеш да ја направиш уште при доставувањето на документите за DS 2019. Колку порано го резервираш својот лет, толку подобро - ќе биде поефтино и посигурно. При резервација на летот, треба да платиш 100 EUR, кои подоцна ќе ти се пресметаат во цената на билетот.
Чекор 5 Интервју за виза Подготовка на документите за аплицирање во Конзулатот за J-1 виза. Аплицирањето за J-1 виза се врши соодветно на процедурата определена од Конзулатот на САД. Нашиот тим ќе е до вас при пополнувањето на документите за американска виза.
Чекор 6 Ориентација Задолжително учество на ориентационата средба организирана од Viking, пред заминување во САД.
Чекор 7 Авионска карта Ја потврдуваш и купуваш авионската карта. Тоа е најслаткиот дел од целото аплицирање.
Плати откако ќе се вратиш Потребни документи за учество? |