Сместување Сподели

Сместување

Независно дали ние ти ja нудиме работната понуда или пак ти сам си ја имаш најдено, обезбедувањето и резервирањето на сместување е битен услов за Work and Travel програмата.Токму затоа бидете мирни и спокојни, затоа што по пристигнувањето во САД ќе знаеш точно каде да одиш и да се сместиш.

Premium програма: Во работната понуда има детални информации за условите и цената на сместувањето како и за големината на депозитот. Некои работодавачи бараат депозит од учесниците, кој што во повеќето случаи им се враќа. Тоа е експлицитно споменато во работната понуда. Учесниците нормално се сместуваат во куќи, апартмани или студентски домови целосно наместени, во повеќето случаи со кујна и дневен престој. Во работната понуда се опишани и другите поволности кои што учесниците можат да ги користат: интернет, телефон, перална и др. Колкава ќе биде наемнината зависи од местото, условите, како и општата пазарна ситуација на најмување во регионот. Средниот неделен наем се движи од 70-90 USD. Сумата за наемот често се задржува од чекот на студентите, но исто така може да се бара во кеш. Во некои од нашите работни понуди работодавачите обезбедуваат бесплатно сместување. Тоа звучи многу поволно нели? Прашај за тие работни понуди во најблиската канцеларија на VIKING.

Self-arranged програма: Веќе најде работна понуда и тоа е одлично! Но треба да помислиш и на сместувањето. Доколку работодавачот не ти обезбедува сместување, посоветувај се со него каде би било најсоодветно да престојуваш во текот на летото. Информации од локалното население се исто така многу полезни. Ако пак работодавачот не може да ти помогне, тогаш на интернет има се. Ние ќе ти излезeме во пресрет и ќе ти обезбедиме контакт информации на студенти кои што веќе биле на WAT на истото место.

 


  Совети за безбедност во САД DS-2019 документ  

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 143 Понуди | Види ги сите