Подготовка на багаж Сподели

Се подготвуваш за твоето патување во САД или го организираш твојот багаж за враќање?


Viking ти дава неколку корисни совети поврзани со багажот.

Предавање на багажот:
Кога се прави чек ин на авионскиот билет тогаш багажот се предава на пултот на аеродромскиот персонал на авиокомпанијата. Агент од авиокомпанијата го мери и обележува (го етикетира) секој чекиран багаж. Доколку патникот има прекачување на друг авион за крајната дестинација нема потреба да го зема својот багаж и да го чекира повторно туку си го зема на крајната дестинација.

Корисни совети за безбедно пренесување на багажот односно за намалување на ризикот од губење и оштетување на багажот:

1.Користете квалитетни куфери и торби за да обезбедите безбеден транспорт.Поцврст багаж не би се оштетил лесно и би бил поотпорен во товарење и ракување со багажот на аеродором.

2.Напишете го Вашето име и презиме и Вашата контакт адреса од Вашата дестинација и на надворешната страна како и внатре во багажот.Обично кога ќе се изгуби багажот се случува етикетата, приврската да биде скината, одлепена.Така што доколку контакт информациите за патникот се внатре во багажот побрзо ќе биде вратен на сопственикот.

3.Помош при идентификувањето на багажот на местата за подигање на багаж е тоа што можете да ставите налепници со цел за побрзо препознавање или пак да го замотате со заштитна фолија со која ќе се разликува вашиот багаж од останатиот.

4.Заклучете го багажот или пак цврсто стегнете го со ремен за да не дојди до отворање и губење на спакуваните работи.

Доколку имате стари етикети, приврски од Вашите претходни патувања отстранете ги!


Вредни предмети и документи како на пример документи потребни за патувањето,лични и важни документи,хартии од вредност,пари , накит и сл треба да се носат исклучиво во рачниот багаж.


Опасни и забранети предмети:

Со купувањето на секој билет на патникот добива белешка со информации за тоа кои предмети и работи се сметаат за опасни и строго забранети да се носат и транспортираат со/во авион.
-пушки,огнено оружје и муниција
-запалливи течности и цврсти тела како кибрит,запалки, алкохол се строго забранети затоа што се лесно предизвикувачки и се леснозапалливи.
-боци со пропан и/или бутан, отрови, корозивни супстанци, киселини, магнети, ниту пак заразни тела, како што се вируси и бактерии.
во опасните предмети, исто така, се вбројуваат и спрејови на база на аеросоли, кибрит и останати опасни материи како магнетизирани или иритирачки материјали.
-Сите остри предмети како ножици, прибор за нокти и други остри предмети треба да стојат во големиот багаж во спротивно ке Ви бидат одземени на контролниот пулт.




Електроника:
Патниците не смеат да ја ставаат електрониката во големиот багаж кој што треба да биде пријавен бидејќи некои компјутерси уреди пречат во авионскиот систем.
Строго забранети за употреба се електронските уреди како PC,принтери,скенери, и други компјутерски уреди.

Дозволена е употребата на телефони,лаптоп,i-pad,i-pod само со исклучен wireless-connection или пак во airplane mode.Нивната употреба е забранета при полетување и слетување.

Доколку имате потреба од подетални информации може слободно да ја исконтактирате Вашата авикомпанија.

 

 


  Патувањето Welcome Brochure and Pamphlet  

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 143 Понуди | Види ги сите