Аплицирањето чекор по чекор Сподели

Чекор 1 

Регистрација и аплицирање

Регистрацијата е бесплатна. Може да биде online или во наша канцеларија. Потоа може да дојдеш да аплицираш кај нас и да донесеш:


•2 слики 5x5 на бела позадина и во електронски формат (600x600 пиксели);
• меѓународен пасош – пасошот треба да е валиден најмалку 6 месеци од датумот на влез во САД;
• копија од сите претходни визи за САД;
• лична карта;
• 1 потврда, дека си редовен студент за учебната 2023/2024 година;
• студентски индекс;

 

Чекор 2

Наоѓање на работа

• Самостојно: бараш работа преку интернет или пријатели. Откако ќе ја најдеш работната позиција која најмногу ти одговара, му испраќаш формулар за договор на твојот работодавач, кој треба да го пополни истиот и врати.Тој договор го доставуваш кај нас во канцеларија.
• Со помош од страна на американските партнери, за што е потребно претходно аплицирање кај нас во канцеларија. Опциите кои ги нудат се:

• средби со американски работодавачи-познати уште како Job Fair;
• online интервјуа- Virtual Hire;
• интернет базиран систем со стотици понуди за работа- Job Direct.

 

Чекор 3

Доставување на документи за DS-2019 и доплаќање на програмата

Штом добиеш работна понуда, доаѓаш кај нас за да ти ги пополниме и доставиме документите за работна дозвола. Тогаш го доплаќаш и остатокот од програмата.

 

Чекор 4

Резервација на лет

Можеш да ја направиш уште при доставувањето на документите за DS 2019. Колку порано го резервираш својот лет, толку подобро - ќе биде поефтино и посигурно. При резервација на летот, треба да платиш 100 EUR, кои подоцна ќе ти се пресметаат во цената на билетот.

 

Чекор 5

Интервју за виза

Подготовка на документите за аплицирање во Конзулатот за J-1 виза. Аплицирањето за J-1 виза се врши соодветно на процедурата определена од Конзулатот на САД. Нашиот тим ќе е до вас при пополнувањето на документите за американска виза.

 

Чекор 6

Ориентација

Задолжително учество на ориентационата средба организирана од Viking, пред заминување во САД.

 

Чекор 7

Авионска карта

Ја потврдуваш и купуваш авионската карта. Тоа е најслаткиот дел од целото аплицирање.
Едноставно се пакуваш и заминуваш.

 


  Плати откако ќе се вратиш Потребни документи за учество?  

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 143 Понуди | Види ги сите