WAT финансирање Сподели

Финансирање на програмата

Ние знаеме дека Work and Travel е инвестиција и ти се потребни одредени финансиски средства за да ја оствариш.

Work and Travel Банкарски кредит

Доколку неможеш да си ја финансираш програмата сам или ти недостасуваат средства за авионскиот билет, помисли си за специјално договорениот кредит помеѓу Викинг и Тутунска/Уни банка, со ниска и фиксна каматна стапка, брза и лесна процедура за одобрување и без провизија за предвремено враќање. За повеќе информации посети ја најблиската Викинг канцеларија.

Viking Tax ReCycle - ја плаќаш програмата WAT summer 2019 со даноците од WAT 2018

Си учествувал на Work and Travel и знаеш дека вреди! Направи го истото и оваа година, само без да вложуваш средства претходно! Само Viking Tax ReCycle ти дава можност да го замениш очекуваниот Tax Refund за Work and Travel 2019, без разлика со која агенција си патувал претходното лето.

Предности:

Го плаќаш само депозитот за учество во програмата;
Не ги трошиш заштедените пари;
Можеш да се запишеш уште на есен, кога цената на WAT е најниска.
Не заборавај дека доколку вратената даночна сума е поголема од таксата за учество во Work and Travel, ќе можеш да ја искористиш разликата за доплата на авионската карта или да ја добиеш по банков пат. Се што треба да направиш е да ја посетиш најблиската Викинг канцеларија, да ги донесеш последните paychecks/paystubs, да пополниш кратка Tax Refund регистрација и ние ќе се погрижиме за останатото!

Начини на финансирање на WAT програмата

 ОПЦИЈА

Плаќање на рати

Self-Arranged - се запишуваш за WAT програмата со обезбедена работна понуда од тебе

Ја плаќаш програмата на две или повеќе рати

Premium Placement - се запишуваш за WAT програмата и избираш од нашите проверени работни понуди

Ја плаќаш програмата на две или повеќе рати

Lifeguard Special - се запишуваш за WAT програмата и избираш од работните понуди за спасувачи на базени

Ја плаќаш програмата на две или повеќе рати

 

Дополнителни услуги - Осигурете ја Вашата инвестиција - WAT Extras 

За да ги осигураш максимално вложените средства за програмата и да си флексибилен кон евентуални промени кои што можат да настанат и да го попречат твоето учество кога најмалку очекуваш, ние ти ги нудиме дополнителни услуги Money Protect, Visa Safety, Program Payback и V.I.P Advantage.

 

Други трошоци

Кон гореспоменатите трошоци треба да си предвидиш уште $160 за таксата за интервју за виза, $35 SEVIS, цената за авионската карта и џепарлак до твојата првата плата во САД.  

Дополнителни такси за аплицирање, како и за посета на наши саеми за вработување НЕМА.


  Потребни документи за учество? Work and Travel USA на кредит  

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 165 Понуди | Види ги сите