Потребни документи за Work and Travel Сподели

Тоа, што е потребно да го приготвиш е:

  • 2 фотографии - на бела позадина со големина 5x5 см и дигитална фотографија со големина 600x600 пиксела(без наочари)
  • валиден меѓународен пасош – кај учесници, кои не се македонски државјани, пасошот треба да е валиден најмалку 6 месеци од датумот на влез во САД
  • копија од сите претходни визи за САД 
  • лична карта
  • 2 потврди, дека си редовен студент запишан во учебната 2023/2024 година
  • Уверение за положени испити - Документ потребен за интервјуто во Амбасада кој мора да ги содржи сите положени испити до тој момент
  • актуелно CV на англиски јазик со фотографија
  • мотивациско писмо на англиски јазик

 

За да ти заштедиме време!

Веќе си одлучил да се запишеш за Work and Travel USA со Viking! Од тука можеш да го симнеш формуларот за учество, кој е еден од потребните документи за аплицирање. Истиот може да го пополниш во електронска форма или во нашата канцеларија.

Автобиографијата(CV) и мотивациското писмо на англиски јазик се едни од најважните документи при аплицирањето за работа во програмата Work and Travel. Добрo подготвените и оформени CV и мотивациско писмо сe важен чекор кон посакуваната работна понуда! Специјално за тебе, Viking ти овозможува пристап до образецот за CV и инструкциите за изготвување на мотивациско писмо. Така ќе се справиш квалитетно со таа задача за пократко време!

Важно! Избери соодветна фотографија за твојата автобиографија. Тоа подразбира, дека на фотографијата треба да бидеш пристојно облечен и со насмевка.

 

Curriculum Vitae(CV)

Motivation Letter

Формулар за учество

 

Во канцелариите на Viking ќе пополниш документи за учество во WAT програмата - Application form и договор. Се разбира, ние ќе бидеме тука доколку имаш некакви прашања или потешкотии при пополнувањето на истите.


  Аплицирањето чекор по чекор WAT финансирање  

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 143 Понуди | Види ги сите