Културни активности во САД Сподели

Како дел од Work and Travel програмата, ќе имате можност да работите и постојано да комуницирате со Американскиот народ. Викинг како и спонзорите сакаат да се осигураат дека вие, како интернационален студент, ќе бидете дел и од други активности, кои нема да бидат поврзани со вашата работа. Учествувајќи во тие активности ќе се стекнете со искуства поразлични од оние што досега ги имате и ќе научите се што Америка има да понуди.

Како културни активности се сметаат сите активности кои би ги правеле додека не сте на работа, а кои ќе ве доближат до вистинскиот начин на живот,а воедно и самата култура во Америка. Како задолжително барање од страна на спонзорите е да бидете дел од најмалку две културни активности на месец.

Спонзорите преку проверка на вашето месечно пријавување и преку комуникација со вашиот работодавач ќе бидат во постојана контрола дека вие го поминувате вашето слободно време на најдобар можен начин.

Како примери за културни активности се следниве:

- Собирање и дружење со Американски пријатели за различни пригоди, како и играње игри, гледање филмови и многу други работи
- Посетување на музеј или некој историски центар
- Разгледување на некој град
- Посета на некој национален парк
- Волунтирање во некоја општествена заедница
- Присуство на некој Американски спортски настан
- Посета на забавен парк

И уште многу други активности...


  SEVIS и Monthly check in Медицинско осигурување  

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 143 Понуди | Види ги сите