Совети за безбедност во САД Сподели

Како твоја агенција, ние од Viking сме загрижени за твојата безопасност и здравје за време на твојот престој во САД. Еве зошто сакаме да го привлечеме твоето внимание кон некои основни правила, кои почитувајќи ги ќе ти помогнат за зачувување на твојата безбедност и здравје.

 

- Никогаш не носи голема сума на пари со себе.
- Не излегувај сам во доцните вечерни часови.
- Научи кои места и реони треба да ги избегнуваш во доцните часови.
- Секогаш кажи на некого каде ќе бидеш.
- Секогаш заклучувај ги вратите од куќата/станот.
- Не оставај вредни работи на лесно достапни места.
- Не употребувај наркотици и избегнувај контакт со луѓето што ги употребуваат. Тоа е незаконско и студентите ќе бидат приведени, доколку бидат откриени што води до моментално прекинување на програмата и депортирање.
- Секогаш имај ги со себе броевите од полицијата, пожарната, болницата, твојот спонзор и др.
- Никогаш не ја исклучувај можноста, дека може да ти се случи нешто лошо, во кој случај треба да реагираш брзо.
- Никогаш не се качувај во кола на непознати луѓе.
- Избегнувај ги местата каде има чувство на неспокој.
- Избегнувај конфронтации – направи се што е возможно, за да избегнеш потенцијална ситуација на насилство.
- Возраста, на која можеш да употребуваш алкохол во САД е 21 година.

- Незаконско е да пиеш алкохол на улицата, независно дали имаш 21 година или не.

- Почитувај ги забраните за пушење на јавни места, каде што има такви.

 

 

Возење на велосипед


Возењето на велосипед е забавно и здраво,но возењето на велосипед може да биде опасно доколку не сте внимателни.
Еве неколку совети за да бидете безбедни додека се возите.

Носете кацига
Носењето на кацига додека возите велосипед е најлесниот начин за да избегнете некоја посериозна повреда.Кацигата треба да ви биде точна , да не се мрда напред-назад, ниту пак на страна.

Носете впечатлива облека
Важно е кога возите велосипед да можат другите да ве видат особено ноќе.Носете впечатлива облека или пак светол горен дел.

Избегнувајте ги прометните улици
Не се возете со велосипедот по автопат и избегнувајте ги прометните улици.Ако одите со велосипед на работа направете си рута по осветлени улици или пак патишта каде што има ознаки за велосипедисти или велосипедски патеки.

Возење во сообраќај и внимавајте на паркираните автомобили
Секогаш треба да се вози велосипед од десната страна на патот,така што да возите во истиот правец со автомобилите.
Ако има паркирани автомобили на патот,внимавајте да не излегуваат или влегуваат луѓе.Почитувајте ги семафорите и другите сообраќајни знаци.

 


  Медицинско осигурување Сместување  

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 143 Понуди | Види ги сите