Подготовка за интервју Сподели

Ако имате интервју за работа, бидете сигурни дека сте подготвени. Најважно е да направите добар прв впечаток и да бидете запознаени со работата за која се пријавувате. Ова се неколку совети што Ви би помогнале да ја добиете работата. 

  • Дознајте повеќе за работодавачот, пред да имате интервју. Размислете од каква полза би биле за него.
  • Бидете барем 10 минути порано пред почетокот на интервјуто.
  • Обрнете внимание како ќе се појавите. Бидете сигурни дека Вашата облека е чиста и соодветна за интервјуто.
  • Ако одите на Вашето интервју со пријатели, замолете ги да Ве почекаат во близина на локацијата за време на Вашето интервју.
  • Влезете со насмевка на интервјуто, кажете здраво на човекот што ќе Ве интервјуира и ракувајте се.
  • Слушајте ги внимателно прашањата, и ако нешто не сте разбрале замолете да Ви го повторат прашањето.
  • Ако сте работеле претходно, раскажете за Вашето искуство.
  • Користете примери за Вашите вештини и способности, за работата што сакате да ја добиете.
  • Поставете прашања во врска со работата. Со тоа ќе докажете дека сте заинтересирани и одговорни.

  Тест по англиски јазик Потребни документи за интервју  

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 157 Понуди | Види ги сите